Кичево: Удрил во паркирано возило, па во пешак

by Fokus

Сообраќајна несреќа се случи вчера во Кичево, кога автомобил удри во паркирано возило, а потоа и во пешак во градот, соопшти МВР.

„Вчера во Кичево на улицата Исен Акиоски патничко моторно возило “опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(49) од Кичево, удрило во паркирано патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од А.А.(51) од Кичево, а потоа и во пешакот А.Ф.(59) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Медицинскиот центар Кичево“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Поврзани новости