Кичеец сепак поднел барање за одложување на издржувањето на казната

by fokus

Зоран Милевски Кичеец се уште не се појави во затворот “Скопје”, иако упатниот акт му беше со датум 12 октомври.

“Фокус” вчера објави дека Кичеец побарал одложување на извршувањето на казната, а денеска ни стигна и потврда од Кривичниот суд.

-Осудениот поднел барање за одложување на извршувањето на казната, а судијата денеска ќе го разгледа, со што ќе излеземе со соопштение, велат од Кривичниот суд за “Фокус”.

Адвокатот на Кичеец, Александар Новакоски, за “Фокус” изјави дека тој не е во тек, бидејќи имал здравствени проблеми. Останува нејасно кој во името на Милевски го поднел барањето за одложување.

Милевски беше осуден во случајот “Рекет” на тригодишна затворска казна.

Валентина Вурмо

 

Поврзани новости