Кичеец бил повикан во полициска станица за „бомбите“ со Дака

by Frosina Fakova

Осудениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец денеска бил повикан на распит во полициската станица Карпош за “бомбите” во кои се слуша неговиот глас.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од Министерството за внатрешни работи. Кичеец дошол во станица со неговиот адвокат и таму се задржал час и половина.

Идната недела МВР ќе достави извештај за распитот до јавното обвинителство. Прв на распит за објавени „бомби“ беше викнат поранешниот министер на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев. Потоа во полиција беше повикан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за настанот на „Боемска улица“, каде беше фатен како седи внатре во кафаната иако не беше дозволено. Тој не појде во полиција, го прати неговиот адвокат.

Кичеец се слушаше на снимки како разговара со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, но и во „бомба“ со бизнисменот Дака, во којашто ги споменува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и генералниот секретар од Владата, Драги Рашковски. Тој е осуден на три години затвор за „Рекет“ откако призна вина, а правосилноста на пресудата ја чека на слобода.

Поврзани новости