КФОР: Повеќе од 20 војници повредени во Звечан

by fokus

Околу 25 војници се ранети од мултинационалниот контингент на КФОР при задушувањето на демонстрантите кои протестираа во општина Звечан, соопшти КФОР.

-Наспроти најактивните од толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа предмет на неиспровоциран напад и добија трауматски рани со скршеници и изгореници поради експлозија на запалива направа, се вели во соопштението.

Итно им била укажана помош од медицинските единици на КФОР, а моментално се под надзор на медицински персонал.

Командантот на мисијата КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуча лично го следи развојот на ситуацијата.

Поврзани новости