Кежаровски: На први октомври нема да биде мед и млеко, ама нема да биде она што беше 27 години

by fokus

Новинарот Томислав Кежаровски е првиот говорник на Маршот за европска Македонија и порача дека тој ќе гласа за на референдумот, односно ќе гласа за иднина.

-Време е да се свртиме кон иднината. Да му застенаеме на патот на крадењето, селективната правда, да ги запреме сиромаштијата и апатијата. ЕУ интеграцијата ни се гараниција дека ќе имаме праведен судски систем. Секој да се чувствува правно сигурно, да нема страв дека поради различно мислење ќе го стават во затвор. На 30ти јас ќе заокружам ЗА, за промена кој подобро, за живот каков што заслужуваме, за еднаквост, за еднаквост пред законите, за право да мислам со своја глава. На први нема да е мед и млеко, ама сигурен сум дека нема да е она што беше 27 години, особено на годините на владеење не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на фамилијата. Фамилијата имаше чуден начин на спроведување на првдата. Со леснотија уништуваа цели семејства. Неправдата постои откако е созаден светот, ама тоа не значи дека треба да се откажеме од потрагата по правдата. Нема подобар камшик од здрави медиуми. Тие се чувар на демократијата, рече Кежаровски.

Поврзани новости