Кежаровски: Ако ние четворица живеевме во осум квадрати во Шутка, во цела Македонија два милиони можат да живеат беспрекорно

by fokus

Новинарот Томислав Кежаровски вечерва ја промовира својата книга „Живот во кутија“ која ја пишуваше додека беше во притвор, обвинет дека наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок. Во говорот тој рече дека доколку тој со неговите четворица цимери можеле да живеат во осум квадратни метри во затворот во Шутка, тогаш во цела Македонија два милиони можат да живеат беспрекорно.

-Што ме натера да ја напишам книгава, мислам дека знаете. Очекувам ова да е последна книга од ваков вид. Јас да бидам последниот кому неправедно му е судено. Пишував на секакви парчиња хартија. Не бев свесен колку им пречам со моите пишувања. На врата ми доаѓаа полицајци да прашаат дали тука живее Кежаровски
На крај ме затворија
Пишував за семејното стебло на претседателот Иванов, пишував за министерство за одбрана, пишував за Ореше, а со истрагата за несреќата на Никола Младенов ја прели чашата, рече Кежаровски.
На вечерашната промоција на неговата прва книга присуствува и премиер Зоран Заев.

Поврзани новости