Ќерката на Чавков: Татко ми го третираат како терорист

by Fokus

Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој денеска беше приведен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, обвини дека на семејството не му било дозволено да му ги даде лековите на Чавков.

Чавкова вели дека рано утринава околу 5 часот полицијата упаднала во нивниот дом и направила претрес кој содржел безброј нерегуларности по што бил одведен нејзиниот татко Митко Чавков на сослушување во кривичниот суд.

– Мојот татко цел живот и кариера ги посветил во одбрана на својата земја, а сега е третиран како терорист  – вели Зорица Чавкова за Курир.мк.

Поврзани новости