Керим не знае дали истрагата за МПМ е завршена

by fokus

Поранешниот директор на МПМ, Срѓан Керим, не е запознат со тоа дека наводно завршила истрагата во случајот на „Медиа принтмакедонија“. Тој за „НоваТВ“ изјавил: „Лично не располагам со такви информации на кои се повикувате и се прашувам од каде и врз база на што се пуштени во етерот“.

Оваа негова изјава следува откако беше објавено кривичната истрага за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена.

Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е осомничен за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“.

Случајот на МПМ беше инициран со кривична пријава поднесена од новинарите уште на почетокот на мај 2017 година. Поднесената кривична пријава беше прифатена од скопското обвинителство, но и по повеќе од една година, по неа не се постапувало.

Срѓан Керим веќе неколку години живее во Опатија и има хрватско државјанство.

Поврзани новости