Кекеновски: Заев се чувствува покомотно откако Груевски е избеган

by fokus

Професорот, Јован Кекеновски, ја обвинува Владата за бегањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, и вели дека некој треба да понесе одговорност. Според Кекеновски и тоа е дел од наводната спогодба меѓу власта и опозициските пратениците кои гласаа за отворање на уставот.

„Што правиме сега Зоране Заев? Уште ли нема ничија вина? Никој ли не е одговорен за бегството на Груевски?.
Така ли ќе не замајуваш и ќе купуваш време додека во меѓувреме ги амнестираш криминалците, апаште и злосторниците кои треба да ти гласааат во Собранието?.

Имам чувство дека покомотно се чувствуваш откако Груевски е избеган. Полесно ќе ги придобиеш лажните патриоти кои не пребегаа со нивниот шеф. Затоа ли не бараш вина од одговорните и велиш помирување?
Твоето помирување е = ослободи го од притвор + задолжително да гласа + простување на делата + повторно задолжително да гласа + жигосај го за цел живот и шутни го на буниште.

Прегледај си ги снимките и види што си зборувал пред само неколку дена за ова истото. Личи ли премиер да менува став три пати во денот?“, пишува тој на фејсбук.

Поврзани новости