Кекеновски: ВМРО и СДСМ пак ќе коалицираат и ќе се амнестираат по изборите

by Фокус

Двете македонски партии потписнички на договорот од Пржино – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по изборите ќе коалицираат и потоа меѓусебно ќе се амнестираат, изјави во Сопиште Јове Кекеновски, носител на пратеничката листа на Коалицијата за промени и правда во втората изборна единица.

-Договорија заедничка поделба при користење на медиумското известување 40 отсто за едни и 40 отсто за други. И едните и другите не сакаа една изборна единица и отворени листи. Заеднички се договорија да си ги поделат позициите на гласачките ливчиња. Глумат дека се напаѓаат небаре ќе извадат пушки и пиштоли едни на други, а по полноќ се прашуваат како поминале. Меѓусебно се напаѓаат, а нивните блиски пријатели и бизнис-партнери соработуваат и заеднички одработуваат милионски бизниси – рече Кекеновски.

Поврзани новости