Кекеновски: На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ нема да има ни „д“ од демократија

by fokus

Јове Кекеновски кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, за „Фокус“ вели дека претстојниот Конгрес за избор на нов лидер, воопшто нема да биде демократски.

-Начинот на кој е набрзина и нестатутарно е свикан Конгресот, како и делегатите над кои Груевски има потполна контрола јасно кажува дека и овој пат нема да има ниту Д од демократија. И понатаму го валкаат името на партијата која се декларира како демократска и партија за единство. Самиот факт дека на Конгресот ке бидат кандидирани луѓе од неговото најблиско опкружување јасно укажува дека грујовизмот и грујовистите ке продолжат да ја узурпираат партијата и понатаму, вели Кекеновски.

Сепак, Кекеновски вели дека узурпацијата на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Груевски нема да трае уште долго.

К.С.

Поврзани новости