Кекеновски: Груевски одработи за Црвенковски, а Мицкоски на пат да одработи за Пендаровски

by fokus

Професорот Јове Кекеновски потсетува дека во 2004 година за претседателските избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во последен момент го повикал членството на гласање, по што бил обезбеден цензусот и со тоа всушност му ја донел победата на Бранко Црвенковски. Сега вели дека случајно или намерно, ситуацијата е слична, бидејќи и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повикувал на излезност во вториот круг.

-Во 2004 година Никола Груевски како новопечен претседател на ВМРО ДПМНЕ, во вториот круг на претседателските избори, свесно и намерно одработи Бранко Црвенковски да стане претседате на РМ повикувајќи го во последен момент со смс пораки членството на партијата да излезе на гласање и да обезбеди цензус.
Да се потсетиме дека во првиот круг Б. Црвенковски имаше освоено 385.347, а С. Кедев 309.132 гласа. Благодарение на тие повици победи Црвенковски при излезност од 55,2% на гласачите (тогаш Уставот бараше излезноста да не биде помала од 50%).
Сега и Мицковски како наследник на Груевски јавно повикува за излезност во вториот круг на изборите во услови кога ситацијата е слична.
Петнаесет години подоцна историјата и постапките се повторуваат, вели Кекеновски. 

Поврзани новости