Кекеновски: Ако Мицкоски беше искрен, многу порано ќе се оградеше од Груевски

by Фокус

Политичкиот аналитичар Јове Кекеновски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ и дел од фракција за внатрепартиски промени, смета дека најавата на партискиот лидер Христијан Мицкоски за укинување на титулата почесен претседател, чиј носител е Никола Груевски, претставува манипулативен обид на довчерашните соработници.

Како што вели Кекеновски за Фокус, актуелното раководство на чело со Мицкоски сака да изглуми дека нема ништо заедничко со поранешниот лидер и премиер, односно, според него, да се прикаже дека Груевски нема никакво влијание врз работата на ова раководство.

-Доколку беа и доколку сакаат да бидат искрени, тие јавно многу порано ке се оградеа од него и неговите постапки и немаа да се трудат на сите можни начини да ги стопираат или попречуваат сите исраги и постапки кои се водат против него и неговите соработници кои и сега се во врвот на партијата – изјави тој.

В.С.

Поврзани новости