Ќе ти го скинам вратот – им се закани на новинарите шеф на полиција

by fokus

Началникот на униформираниот сектор на Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина (ФУП), Зоран Чегар, денеска се појави пред Општинскиот суд во Дубровник каде што започна неговото судење под обвинение дека за 20.000 евра го измамил Дарко Марковиќ, сопственик на агенцијата за јахти и рент а кар „Пожуре“ од Мљет, пишува Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН), пренесува Индекс.хр.

Тој пред судот рекол дека не се чувствува виновен. – Ќе ти го скинам вратот, им рекол Чегар на новинарите од ЦИН кои барале коментар од него.

Новинарите открија дека шефот на униформираната полиција на ФБиХ е обвинет за измама во Хрватска и затоа му се суди во Дубровник. Неговите претпоставени не знаеле што прави Чегар, а кога била објавена приказната министерот на сојузното МВР, Аљоша Чампар, најави истрага за утврдување на одговорноста на Чегар.

Поврзани новости