Ќе следува соодветна санкција за напаѓачот на новинарската екипа на „Ал Џазира“

by Fokus 12:00
12:00

На протестот, што синоќа го одржа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападните и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека М.С во 18.30 часот, пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го турнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

- Advertising -

Поврзани новости