Ќе се воведе државна награда со името на Мето Јовановски

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска информираше дека Министерството за правда и Министерството за култура воведуваат државна награда за придонес кон човековите права, а која ќе го носи името на Мето Јовановски, првиот претседател на Хелсиншкиот комитет.

Одборот за доделување на оваа награда ќе биде составен од претставници на граѓански организации.

Таа ќе се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Поврзани новости