Ќе се воведе бесплатен државен WiFi на неколку локации низ Македонија

by fokus

Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.

Како што информираат од владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата ќе препорача на Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ – Скопје, како носител на реализацијата на проектот за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори, до крајот на оваа година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи, да подготви и достави предлог-листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата.

-До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите, информираат од Владата.

Поврзани новости