Ќе се уриваат над 3.000 дивоградби во областа Атика

by fokus 14:05
14:05

Според Министерството за животна средина на Грција,  во децентрализираната администрација на Атика постои листа со 2.500 дивоградби во шума,  но и 685 дивоградби на брегот, кои според препораките на катастарските шумските служби треба да се урнат, изјави портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос.

По катастрофалните пожари минатиот понеделник со над 90 жртви, во Грција се уште се бараат причините зошто толку луѓе трагично загинаа, а многумина сметаат дека освен лошите временски услови, силниот ветер и брзината на пожарот, своја, негативна улога одиграа и дивоградбите.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчката Влада најави дека ќе започне со уривање на сите објекти изградени без соодветна дозвола.

– Се работи на тоа листата да добие приоритет и како што и самиот премиер кажа, ќе направиме се што е неопходно, ќе се конфронтираме со кој било, ако е потребно за да ја заштитиме и Атика, но и целата земја од веројатноста за една нова ваква природна катастрофа во иднина, рече Ѕанакопулос.

Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис, денеска изјави дека се забрзува процесот за уривање на дивоградбите во Атика. За денеска е предвидено соодветните измени во Законот да бидат доставени до грчкиот Парламент.

Поврзани новости