Ќе се протестира пред Собрание додека се разгледува договорот за спорот со името

by fokus

Демонстрантите кои веќе пет дена протестираат од утрово од 11 часот ќе бидат пред Собранието, додека внатре пратениците го разгледуваат договорот за решение на спорот со името помеѓу Македонија и Грција.

Тие на вчерашниот протест беа повикани „да ги блокираат сите влезови на Парламентот“ од Филип Петровски, фракционерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во говорот побара оставки од пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашните протести поминаа мирно, за разлика од оние пред 2 дена, на кои поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица, а беа повредени седум полицајци. Лекарска помош побарале уште 10 лица.

Иако на протестот Петровски фрлањето камења и пиротехнички средства се обиде да го прикаже како фрлање „2-3 пластични шишиња со вода“, видеата кои ги објави Министерството за внатрешни работи го демантираат неговото тврдење.

Поврзани новости