Ќе се претвори ли во фарса расправата за мандатот на Груевски?

by fokus

Комисијата за мандатно имунитетни прашања се очекува во понеделник да ја почне расправата за мандатот на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, кој веќе шест месеци отсуствува од Собранието, со што се исполнети условите за одземање на неговиот мандат.

Расправата на Комисијата може да трае и до 15 дена, по што треба да достави предлог до Собранието. Сепак, за сега не е обезбедено двотретинско мнозинство, потребно да му биде одземен мандатот на Груевски.

Поради ова се очекува расправата да се претвори во фарса и политички препукувања, особено откако се појави неовластено снименото аудио со гласот на претседателот на Комисијата, Павле Богоевски.

Осудениот екс премиер претходно остана без пратеничката плата, откако Собранието донесе законски измени со кои му се укинува платата на пратеник осуден на затворска казна во траење од повеќе од шест месеци.

Поврзани новости