Ќе се помрднат ли преговорите од мртва точка?

by fokus

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА повторно ќе разговараат за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список. Средбата се одржува во резиденцијата на ЕУ во Пржино, со покровителство на Орав и Бејли.

По вчерашните средби, партиите излегоа со различно мислење за нивниот епилог. Според Тодоров и Груби од владејачката коалиција постигнат е напредок, додека од СДСМ велат дека кај власта нема желба за прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите.

До средбата доаѓа во време на засилена меѓународна активност за разрешница на кризата во Македонија.

Германскиот посредник Хајндл вчера изјави дека е ваѓно прво да се создадат услови за избори па потоа да се одржат избори.

Во понеделник во Македонија доаѓа високиот американски претставник Викторија Нуланд.

Поврзани новости