Ќе се отвори ли паралелка на албански јазик во Јурумлери оваа училишна година?

by fokus

12 деца од албанска националност се уште не тргнале во училиште затоа што се чека разврска на случајот во основното училиште „Његош“ во Јурумлери каде се бара отворање паралелка на албански јазик и покрај протестите на жители кои се против ваквиот обид.

Локалните власти и Министерството за образование и наука си ја префрлаат топката еден на друг.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, вели дека доставил такво барање до училиштето, но дека од таму добил одговор дека тие не се надлежни за ова прашање.

-Легитимно право на граѓаните е да протестираат. Јас ги доставив барањата до училишниот одбор и директорот и добив одговор дека се ненадлежни околу тоа дали треба да се отвори, тоа е во рамки на Министерството – вели градоначалникот за ТВ21.

Министерот за образование, Арбр Адеми уверува дека она што го говори Георгиевски не е точно и дека тој и директорот на училиштето не си ја вршат работата, како што било разговарано пред две недели на заедничкиот состанок.

-Невистинити се тврдењата дека училиштето, односно директорот или Училишниот совет се ненадлежни да одлучуваат за вакво прашање. Тие треба да достават барање и ве уверувам дека од наша страна ќе добијат позитивен одговор-вели министерот Арбер Адеми.

Поврзани новости