426
Во Градски парк, во близина на Институтот за сточарство, ќе се гради велосипедски полигон, или велодром, кој ќе биде донација на Стопанска Банка Ад Скопје. Донацијата е во вредност од 1.537.000 денари.
Донацијата е во рамки на проектот „Вози право, вози одговорно“. Како што велат од Град Скопје, велосипедскиот оплигон ќе биде за јавна и слободна употреба, односно ќе биде на располагање за употреба на сите љубители на велосипедизмот.