Ќе се формира Агенција за квалитетот во високото образование

by fokus

Владата на денешната 107. седница ја усвоила информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование.

Како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, најдоцна до 20 февруари 2019 година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по шест членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование.

-По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија, се додава во соопштението.

Поврзани новости