Ќе победи ли косовскиот Емануел Макрон?

by fokus

Пишува Ѓорѓи Спасов

 

Сличности:

Емануел Макрон                                   Абдулах Хоти

Роден 1977                                                    1977

Економист финансиер                       Економист финансиер

Десница центар                                    Десница Центар

Клучен противник                                Клучен противник

Екстремна десница                                Екстремна десница

Нов лик во политиката                          Нов лик во политиката

Работел во кабинет на Холанд –             Работел во Кабинет на Премиер на Косово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 11ти јуни на Косово ќе бидат одржани вонредните парламентрани избори.

Две силни личности се во трката за премиерската функција.

Демократската партија на Косово, на преседателот Хашим Тачи, веќе го кандидира за таа функција воениот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, кој беше обвинет и ослобен од вина во судот во Хаг.

А, Лигата за демократско Косово, на поранешниот нејзин основач Ибрахим Ругава, за премиер на идната влада го истакна досегашниот министер за финансии во владата на Косово Абдулах Хоти.  Хоти со својата возраст, со својот лик, со својот професионален бекграунд и со својата политичка програма неодоливо потсетува на францускиот претседател Емануел Макрон.

Абдулах Хоти има како и Макрон точно 40 години. Има докторирано на економски науки на  Стафирдшир Унуверзитетот во Велика Британија и својата политичка кариера ја гради веќе подолго време низ коридорите на економските ресори на власта.

На некој начин, како и во Франција, тој е единствениот нов лик на политичката сцена во Косово пред овие избори.

За разлика од неговите националистички конкуренти, кои во стилот на Мари Ле Пен се закануваа дека на Косово нема да остане ниту еден Србин, ако Харадинај не биде ослободен од Фарнција, во која беше уапсен по барње на Србија,и највите дека без перспектива на Косово за членство во ЕУ тоа ќе се обедини со Албанија, Хоти како претстваника на умерената десница на Косово,  делува смирено но решително. Тој се залага за натамошно реализирање на Договорот за нормализација на односите со Србија, постигнат под покровителство на Фредерика Могерини, добивањето визна либерализација за Косово по демаркацијата на границата со Црна Гора, , а центарот на својата кампања го има ставено врз тоа дека Косово врз основа на економските резултати, постигнати додека тој беше министер за финансии, може да продолжи со намалување на стапката на невработеност , подигнувањето на стандардот со зголемување на минималната плата, и со запирање на масовното иселување  од Косово.

Помеѓу рамнотежата на стравот која ја ветува Харадинај, и вечното  антиестаблишмен протестирање кое го ветува лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, Хоти делува како францускиот Емануел  Макрон, кој може да привлече најголем број на умерените гласови од десницата и центарот.

Неговата партија која го истакнува за премиер е во коалиција со Новата косовска алијанса на косовскиот милионер и поранешен претседател на Косово, Беџет Пацоли кој на Хоти му ги обезбедува потребните меѓународни врски за враќање на мирот но и за економски прогрес на Косово.

Дали тоа ќе се случи за сега е неизвесно.

Основен проблем е што граѓаните пред овие избори, за време на кои изборната кампања е скусена само на 10 дена, немаат можност подобро да го запознаат својот Емануел Макрон. Но факт е дека станува збор за нов лик на косовската сцена кој радикално може да го промени имиџот на Косово и да ја унапреди меѓународната положба на својата земја.

Откако Хашим Тачи стана претседател на Косово  со подdршка и на партијата на Хоти,  изборот на Хоти за премиер на Косово би бил веројатно  најдобриот начин за обезбедување на толку потребниот политички баланс на силите на Косово и за снабдување на Косово се еден европски лик  на политичар, кој како и Емануел Макрон ќе го врати оптимизмот во овој дел на Запден Балкан по победата на низа балкански националисти на изборите.

Поврзани новости