Ќе останеме во салата по концертот се додека фановите го бараат тоа од нас!

by Fokus

Дуото ДНК се подготвува за својот концерт кој ќе се одржи на трети декември во арената Борис Трајковски, а со кој ќе одбележат 20 години на сцената. Тие деновиве ја промовираа и новата песна насловена „Романи“, која е 12-то парче на нивниот албум „Дваесет“ со кој го заокружуваат јубилејот.

-Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“-информираат од нивниот тим.

Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Вики Клинчарова

Поврзани новости