Ќе има услови за попладневна изолирана нестабилност – детали

by fokus

Денеска времето во државава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, и тоа особено на средината од неделава ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури, нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени.

Повторно поизразена нестабилност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има за време на викендот.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости