Ќе формираме дополнителни работни групи со Северна Македонија, вели Петков

by Fokus 08:51
08:51

Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за неделната емисија Панорама на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Република Северна Македонија, Петков нагласува дека мошне јасно го изнел она што се следните чекори со соседната земја.

Појаснува дека Бугарија ќе ја надгради својата позиција со дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Северна Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.

Новиот бугарски премиер изјави дека Владата си задала рок од шест месеци и затоа тој рок го изнел јасно и категорично.

Поврзани новости