Ќе биде забрането градење до 50 метри од езерото, велат од Охрид

by fokus

Министерот за координација и спроведување на мерките на УНЕСКО, Едмонд Адеми истакна дека во текот на утрешниот ден ќе биде готов нацрт-планот за управување со охридскиот регионт.

Како што истакна тој, со планот во идно време ќе се спречи нов урбан хаос и нови дивоградби. Во т.н. црвена зона, 50 метри од езерото ќе биде забрането градење.

„Со зонирањето се обезбедува заштита на строгите споменички целини, значи јадрата во Охрид и во Струга, потоа се воспоставуваат контактни зони односно втора и трета зона во рамките на градовите, каде ќе се ограничува процентот на изграденост и катноста на објектите како еден начин да се спречи промената на пејсажот и амбиенталните вредности“, рече Ана Петровска – државен секретар во Министерство за животна средина.

Поврзани новости