Приведени се Папазов, и поранешните градоначалници на Кочани, Николче Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Пред малку се уапсени градоначалникот во оставка Љупчо Папазов и поранешните двајца градоначалници на Кочани, неофицијално дознава Фокус.

Според нашите информации, во тек е полициска акција, но како што дознаваме последните тројца градоначалници на Кочани се приведени.  Ратко Димитровски екс градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ , Николче Илијев од редовите на СДСМ, и доскорешниот Љупчо Папазов.

Од обвинителство пред малку информираа дека има нови апсења:

“Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден”.

И.М.

Поврзани новости