Казни за 599 возачи за пребрзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 599 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

МВР денеска соопшти дека од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости