Казни од 2.000 и 3.000 евра за две лица од Прилеп

by fokus 16:33
16:33

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет на 17 март пристигнал од Република Србија, земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19. При влез во државата потпишал изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом, согласно мерките и препораките за спречување на ширењето на заразната болест. Но, при извршена контрола од страна на полициски службеници, обвинетиот не бил затекнат во неговиот дом.

- Advertisements -

Обвинителството од судот побара на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Второто обвинето лице не се придржувало на здравствените прописи, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетата на 25.03.2020 година, се движела низ градот со што го прекршила полицискиот час и го сторила кривичното дело кое и се става на товар. Заради стореното, за обвинетата е побарана парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Поврзани новости