Казнети се 173 возачи кои не пропуштиле пешаци

by fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи, информираат од МВР.

-Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Поврзани новости