Казнети над 460 возачи кои возеле над дозволената брзина

by fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата Република за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач. Од нив, како што информираат од МВР, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Поврзани новости