Казнети 80 возачи за брзо возење во Скопје

by fokus

Единицата за безбедност во патниот сообраќај во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а санкционрани се и 21 други прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во областа на сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.

Поврзани новости