Казнети 537 граѓани кои не носеле маска

by fokus

Во изминатите 24 часа, за неносење на маска, биле казнети 537 граѓани, информира МВР.

-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Поврзани новости