Казнети 504 возачи на територијата на цела држава

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 504 возачи.

МВР денеска соопшти дека од нив, 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 73, а потоа на територија на СВР Штип – 62, на територија на СВР Битола – 61…, се наведува во соопштението и се најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости