Казнети 287 возачи во Скопје, 20 возеле под дејство на алкохол

by Фокус

На територијата на Скопје за 24 часа изречени се вкупно 287 мерки, меѓу кои 30 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 за користење на мобилен телефон.

Од МВР информираат дека се изречени 20 санкции за возење под дејство на алкохол,  11 за непочитување на брзина на движење, 10 за некористење на сигурносен појас, 11 за непрописно престројување на возила и 83 за непрописно паркирање.

Полицијата најави дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости