Казнети 282 моторџии, 169 возеле без кацига

by Fokus

На територијата на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 282 возачи на мотоцикли, 169 од нив не користеле заштитна кацига за време на возење а 51 возеле без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вкупно 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од вкупната бројка, 45 прекршоци што ги чинат возачите на мотоциклисти биле евидентирани во Скопје.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта и напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости