Казнети 208 граѓани кои не носеле заштитна маска

by fokus

Од МВР информираат дека во изминатите 24 часа 208 граѓани биле казнети поради не носење на заштитна маска.

-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 208 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.

Поврзани новости