Казна од 1.000 евра за жител на Дебар: Се шетал кај општинската зграда за време на полициски час

by Fokus 12:45
12:45

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен жител на Дебар за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, на 29 март, обвинетиот 27-годишен жител на Дебар не се придржувал до прописите и наредбите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест КОВИД-19. Имено, непочитувајќи ја одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Македонија, тој се движел во близина на зградата на Општина Дебар за време на полицискиот час.

- Advertisements -

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Дебар  да му изрече парична казна на обвинетиот. Постапувајќи по ваквиот предлог, Судот го огласи за виновен и на обвинетиот му е изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба е определена на 10 евра во денарска противвредност.

Поврзани новости