Кавадарци и Неготино со над 30 проценти излезеност

by fokus

Во Кавадарци и Неготино излезеноста на избирачите надмина 30 проценти. Според последните информации од Државна изборна комисија, во Неготино своето право на глас го искористиле 5.309 избирачи, односно 33,42 проценти.

Во Кавадарци пак, гласале 10.340 лица, односно 32,04 проценти.
Во четвртата Изборна единица најголема излезеност има во Новаци, дури 42,40 проценти, а најмала во Босилово со 12,43 проценти.

Вики Клинчарова

Поврзани новости