Кавадарчанецот кој беше пријавен за исчезнат, по пет дена се вратил дома!

by Fokus

Четириесетгодишниот Р.С. од Раец, Кавадарци, кого неговата сестра го пријавила во полиција дека е исчезнат во утринските часови на 29-ти април, жив и здрав се вратил во семејниот дом.

Во врска со случајот од СВР Велес изјавија дека веднаш по пријавата на сестрата, започнале со преземање на мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице.

По пет дена од пријавата пак, во вечерните часови во саботата, тој самиот се вратил, а сестра му ја известила полицијата дека си дошол во семејниот дом.

Каде бил во меѓувреме, нема информација за јавноста.

Од СВР Велес само потврдија дека лицето е во својот дом.

Вики Клинчарова

Поврзани новости