„Каубојски“ локални избори (Фотогалерија)

by fokus

Гужви на гласачките места и проблеми со фингерпринт-апаратите, односно скенери за отисок на прстот за кои се потрошија 11 милиони евра го одбележуваат денешниот изборен ден на кои граѓаните избираат градоначалници и општински совети во 80 општини и Градот Скопје.

На голем дем од избирачките места гласањето беше прекинато токму поради проблеми со апаратите, а на повеќето тешко пристапни места се гласа на стариот начин со УВ ламба и спреј. И претседателот на ДИК, Александар Даштевски признава дека на многу избирачки места има гужва, а тоа го правда со тоа што на избирачкиот список има двојно повеќе страни поради многу кандидати.

Тврди дека една четвртина од списокот на МВР за отпечатоци е лош и како трета причина ги наведува ковид мерките, но никаде не ги споменува апаратите за отпечаток на прст. Гладањето најверојатно ќе се пролонгира и после 19 часот поради гужвите.

Фото: Томислав Георгиев

 

Поврзани новости