Кацарска: Има судии кои купуваат имот на име на свои блиски, ветинг и проверка мора да има

by fokus 22:36
22:36

Судијката Добрила Кацарска во вечерашното интервју на емисијата 360 степени порача дека треба да има ветинг во судството, како и дека судиите треба многу да променат во своето однесување.

-Реформи во судството треба да има и тоа коренити реформи, и се согласувам тука со политичарите. Но, најпрвин ние судиите сами треба да се реформираме, да смениме многу во нашето однесување. Ние наместо да се охрабриме да бидеме што подобри судии, ние се повеќе го рушиме угледот. За тоа не ни се криви ниту политичарите, ниту граѓаните. Има многу судии на кои местото не им е во судството. Јас сум за ветинг во судството. Нашата работа е мерлива и јавна, проверка мора да има. Може да се спроведе ветинг без меување на Уставот. Комисијата за антикорупција веднаш може да почне да го проверува нашиот имот и тоа не оној што е само на наше име, туку и на потесното семејство. Има судии кои купуваат имот на име на сестра, на брат…, вели Кацарска.

- Advertising -

 

Поврзани новости