Катругалос: Мицотакис ги ослаби аргументите на Северна Македонија за преговори со ЕУ

by Фокус

Грчката владата на Мицотакис, прифаќајќи дека кандидатурите на Северна Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја, смета поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, кој сега е надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА.

-Политиката на неактивност на владата за критични прашања од надворешната политика, за жал продолжи и на Советот за општи работи, кој не стигна до одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Пасивно следејќи ги настаните, владата не го искористи вредниот дипломатски капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за динамично да бара признавање на нејзината водечка улога во регионот. Паралелно, прифаќајќи дека кандидатурите на Северна Македонија и Албанија треба заедно да одат напред, ги ослаби јасните аргументи во корист на првата земја – вели Катругалос.

Поврзани новости