Катица втора ноќ во УБК, техничарите се вратиле од странство

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиониот тим и минатата ноќ ја поминаа во просториите на УБК каде чекаат да им бидат обезбедени информациите за кои имаат судски налог.

Техничарите, кои според УБК се единствените што можат да пристапат до системите за прислушување, а биле во странство, веќе се вратени.

Во компанијата „Ериксон“ која е сопственик на системите, била покрената внатрешна постапка и се очекува во Скопје да допатува и експерт со поголеми овластувања кој ќе му помогне на УБК до крај да ја испочитува судската наредба.

Поврзани новости