Катица Јанева се соблекла по долна облека во Заводот за ревизија

by Frosina Fakova

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е обвинета во случајот „Рекет“ и која денеска од куќен притвор беше спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава се соблекла таму во долна облека.

Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.

Информациите дека Јанева се соблекла се неофицијални, а официјално од МВР велат дека Јанева го нарушила јавниот ред и мир.

-Во 10.30часот, К J. (1965) по Наредба од од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена во Државен Завод за Ревизија, во Палата Емануел Чучков, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место. Сочинет Записник за констатиран прекршок, велат од МВР за Фокус.

Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката куќен притвор.

Поврзани новости