Катица Јанева преслушала 70 проценти од прислушуваните разговори

by fokus

Во најновиот извештај на СЈО се наведува дека досега обвинителите успеале да преслушаат 70 проценти од незаконски прислушуваните разговори.

-Како што веќе беше наведено во третиот извештаен период ова Јавно
обвинителство поседува вкупно 606.555 аудио фајлови. Заклучно со датумот на поднесување на овој Извештај се анализираше содржината на 424 589 аудио фајлови односно во обработка се 70% од вкупниот број на аудио фајлови со кои располага ова Јавно обвинителство при што изработени се 1039 транскрипти каде што врз основа на преслушаните разговори има индикација дека е сторено кривично дело. Утврдената динамика на анализа и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период, се наведува во извештајот.

Обвинителката Јанева напоменува дека при анализа и обработката на материјалите продолжи процесот на одвојување на приватните разговори од разговорите кои се во обработка.

-Од вкупниот број на анализирани разговори 424 589 издвоени се 152 680 аудио фајлови за кои се утврди дека станува збор за приватни разговори, вели обвинителката Јанева

Таа додава дека во процес на анализирање на форензичките копии од предметот против Захир Бекири викан Чауш и Имер Бекири доставен од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, при што утврдени се повеќе од 80 000 аудио фајлови за кои веќе се анализира колкав е бројот на телефонски разговори кои се предмет на незаконското следење на комуникациите.

-Воедно, од одземените предмети при извршениот претрес кај едно лице
во рамки на една предистражна постапка во извештајниот период при анализа
на форензичките копии утврдени се повеќе од 15 000 аудио фајлови на кои во
моментот се врши обработка во насока на утврдување колкав е бројот на
телефонски разговори кои се предмет на незаконското следење на
комуникациите. Укажувам дека за оваа предистражна постапка сеуште во тек е
форензичка анализа на одземените предмети, така што презентираната бројка
не е конечна бројка, се наведува во шестмесечниот извештај.

Поврзани новости