Катица Јанева подготвена да го презентира Извештајот на СЈО во Собрание

by fokus

Откако денеска Специјалното јавно обвинителство го објави вториот Извештај за неговата работа од периодот 15.03-15.09.2016, специјалната обвинителка Катица Јанева соопшти дека е подготвена истиот да го образложи и во Собранието.

-Во оваа насока, а со цел интензивирање на воспоставената соработка меѓу Собранието на Република Македонија и ова Јавно обвинителство, ја изразувам својата подготвеност во периодот од 19 до 30 септември 2016 година, да го презентирам Вториот извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци, пред надлежните работни тела на Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението на Катица Јанева.

Според Законот, Јанева на секои шест месеци е должна да доставува Извештај за работата на СЈО, но не е должна тој да го образложува во Собранието.

Поврзани новости